Српската пејачка Ана Николиќ изминатиот период беше се почесто во Скопје, се додека не го комплетираше нејзиниот најнов албум кој го работеше со македонскиот комбозитор и продуцент Дарко Димитров.
Албумот е веќе издаден, а Ана на голема варата направи камбек на сцената.
Познато е дека Димитров и Билбилов се колеги и добри пријатели кои често соработуваат, а токму тоа ги поврза и Ана и Роберт.
На нејзината песна „Хијене“, виолините во песната ги свири токму Билбилов.
Неговото име стои во описот на видеото од јутјуб, а Димитров преку својата работа ги поврзува и некои од уметниците во земјата, баш како Билбилов.
Преслушајте како Роберт отсвири за Ана Николиќ: