Кралицата Елизабета II го назначи шпанскиот крал Фелипе VI за посебен витез од специјалните најстари британски витези – редот кој во 1348 го основал британскиот крал Едвард III.
По церемонијата во капелата на Свети Јуриј, кој се наоѓа во замокот Виндзор, имаше миса на која се собраа голем број на членови на европските кралски семејства.
Меѓу нив, како што и се очекуваше, исто така беше и шпанската кралица Летиција, која не можеше да го пропушти овој важен настан во животот на нејзиниот сопруг. Нејзиното доаѓање во Виндзор особено ги воодушеви љубителите на модата, а Летиција за првпат се појави во јавноста до војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Кејт и Летиција никогаш досега не биле фотографирани заедно, а според мислењето на многумина, Летиција со нејзиниот стил ја засени Кејт бидејќи титулата на кралица не ја спречи да експериментира со модата.
Кејт се одлучи за оваа прилика за бел фустан од дизајнерката Кетрин Вокер, чии креации најчесто носи на такви настани. Комбинацијата ја спои со црна шапка и црни салонки на модната куќа Прада.
Летиција пак одлучи да облече шпански моден бренд – Черубин. Моделот наречен “Диди” е инспириран од модата од крајот на 70-тите и 80-тите години, а кралицата го заокружи со високи потпетици од Маноло Бланик и впечатливо венче на главата.