„Ми амор“ или „Љубов моја“ е најновото музичко остварување на кралот на ноќните забави во Македонија, Марко Милановиќ или на повеќето од вас познат како – Марко Логаут.
Станува збор за шпанско-македонска песна која Марко ја исполнува со перуанецот Валентино Де Васко, а за која е снимен и видеозапис во кој се појавува убавата балерина Татјана Кипровска.
Текстот за песната го направија Марко и Валентино, музиката е исто така на Марко, додека аранжманот е дело на Рубин Димкоски. Како режисер на видеото кое е снимено во еден кадар се потпишува Никола Китановски.
„Доколку треба да издвојам некој збор за новата песна, тие зборови би биле да уживате во наредните четири минути во еден лесен и необичен дует. Ова е само уште еден чекор кој мене лично ми е поттик да продолжам да творам нова музика. Очекувајте нови песни во иднина“ – вели Марко Логаут.
Инаку Марко Логаут важи за еден од најбараните забавни изведувачи во земјава, а доказ за тоа е атмосферата од неговите настапи, за која Марко вели дека кој не бил, не знае што пропушта …
Слушнете и погледнете го видеото за неговата најнова песна: