Актерката Анџелина Џоли, ја развлече судската битка со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит околу старателството над нивните пет малолетни деца, а странските медиуми пишуваат дека следува нов пресврт.
Анџелина Џоли е подготвена да поднесе докази за домашно злоставување во тужбата за развод против поранешниот сопруг Бред Пит, пишува „Дејли меил“.
View this post on Instagram
Документите до кои дошол порталот „The Blast“ наводно покажуваат дека актерката изјавила дека е подготвена да даде нови докази во прилог на наводното семејно насилство што се случило за време на нејзиниот двегодишен брак со Пит.
Парот има заедно деца на Медокс, Захара, Пакс, Шајло и близнаците Нокс и Вивиен, а старателството и паричниот надоместок ќе бидат договорени на судењето, па токму затоа нивните најмали деца ќе треба да сведочат пред судот доколку нивните родители се согласат.