Радио Милева

„Шизи и пеј по дома“: Панчо и Андреј ќе прават концерт во домашен амбиент – сите сте поканети!

„Шизи и пеј по дома“: Панчо и Андреј ќе прават концерт во домашен амбиент – сите сте поканети!

Социјалните мрежи, интернетот ,гледањето телевизија, слушањето музика, за повеќето се главниот начин за поминување на времето додека се дома во изолација поради ситуацијата со коронавирусот.

Панчо и Андреј од ДНК дојдоа до идеја да направат таа виртуелна дружба да биде позабавна, па решија вечерва со почеток во 21 часот да направат концерт од едукативно забавен карактер кој ќе се емутува на социјалните мрежи од нивните профили во живо.

Нивното обраќање гласи вака:

фото:днк/фејсбук/клуб индустријал

Здраво здраво добри луѓе!
Со оглед на актуелната ситуацијата со коронавирусот знаеме дека на сите вас/нас ни е многу досадно. За таа цел заедно со нашиот бенд решивме да ве изненадиме, а воедно и да ви го направиме поинтересен домашниот престој. Утре/Понеделник со почеток во 21ч ќе направиме LIVE STREAM ( видео/аудио ) концерт од едукативно-забавен карактер и пред се во домашен амбиент, се со цел да ја подигнеме свеста на нашите сограѓани за тоа дека е најбитно во ова време да се #ОСТАНЕ_ДОМА Ќе се дружиме интерактивно ќе #ШИЗИМЕ_И_ПЕЕМЕ_ПО_ДОМА, а вие изолирајте се, следете ги препораките од министерството за здравство и напишете ни која песна сакате да ја слушнете од репертоарот на ДНК
ПС – ПИЈАЧКАТА НА СИТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ОД КУЌАТА
Ваши Панчо и Андреј #БИДИ_КУЛ_СЕДИ_ДОМА

Адресата и времето го знаете, ваше е само да се приклучите!

To top