Мегафон фестивал

Шест имиња од домашната естрада на целовечерен фестивал „Мозаик 2020“

Шест имиња од домашната естрада на целовечерен фестивал „Мозаик 2020“

Под мотото „Заедно сме посилни“, домашната естрада се обединува на заедничкиот целовечерен фестивал „Мозаик 2020“. На 28-ми февруари во СЦ „Борис Трајковски“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во петчасовен музички спектал и да слушнат дел од најголемите домашни ѕвезди. Свои концерти во иста вечер ќе имаат чаирскиот романтичар Владо Јаневски, највлијателниот хип хоп артист и кралот на ромската музика-Слаткаристика и Ферус Мустафов, еден од најактуелните хип хоп и рап музичари – Сам, легендарните рокери „Елита 5“ и групата „Нокаут“ кои со својата временска машина ќе не прошетаат низ нивната 22 годишна музичка кариера. Фестивалот „Мозаик 2020“ ќе започне во 20:00, а ќе трае пет часа.

По Скопје, концертната турнеја продолжува во Прилеп и Куманово.

To top