Радио Милева

Шарлиз Терон откри страшни детали од своето детство: „Татко ми пукаше во мене и мојата мајка“

Шарлиз Терон откри страшни детали од своето детство: „Татко ми пукаше во мене и мојата мајка“

Шарлиз Терон во последното интервју до детали проговори за она што на јавноста не и беше многу познато, а тоа е убиството на нејзиниот татко.

„Мојот татко беше болен човек. Цел живот беше алкохоличар. По тоа го паметам, како алкохоличар“ почна да раскажува 44 годишната актерка за „НРП“.

„Моето семејство беше нездрава околина за растење. Тоа е нешто што влијаеше на нас. Секако, никогаш не би сакала да се случи таа кобна ноќ“ вели Шарлиз и додава:

фото: Принтскрин/јутуб/гудморнингамерика

„Мојот татко таа вечер дојде толку пијан што не можеше да оди. Со себе имаше пиштол. Мајка ми и јас го спречивме да влезе во собата. Тој во еден момент престана да ја турка вратата, а тогаш три пати пукаше во неа. За чудо, ниту еден метак не не погоди“ вели актерката.

„Во самоодбрана, мајка ми ги реши заканите“ вели Терон.

Таа објаснува дека не ја обвинува нејзината мајка за тоа што го убила нејзиниот татко.

To top