Радио Милева

Шерифовиќ викаше на цел глас: „Дали сте нормални“ – поради овој Македонец настана хаос во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Шерифовиќ викаше на цел глас: „Дали сте нормални“ – поради овој Македонец настана хаос во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваше кумановецот Марио Арангеловски кој првпат е во музичкото шоу и е под менторство на Јелена Карлеуша.

Тој се претстави со песните „Једина“ од Тоше Проески и „Кремен“ од Дино Мерлин. Кога станува збор за пеењето, Марио не се претстави во најдобро светло.

Меѓутоа, жирито беше задоволно од сценскиот настап, а во еден момент понесен од атмосферата Марио отиде на местото каде што седеше Карлеуша и почнаа да и пее и да игра пред неа.

фото: гранд онлајн

На крајот на интерпретациите, Марио освои четири гласа, односно од Вики Миљковиќ, Ѓорѓе Давид, Ана Бекута и Драган Стојковиќ Босанац.

фото Принтскрин/јутуб

Меѓутоа, кога Марио заврши со пеењето и жирито со гласањето, Марија Шерифовиќ бесна и лута викаше на цел глас:

„Дали сте ви нормални? Момче извини, но зошто гласаше ти Босанац?, праша Марија која беше изненадена од гласот на Босанац.

„Јас гласав од протест бидејќи овде со мене седат луѓе кои не слушаат. На пример, тие бараат да дадат глас бидејќи матрицата е тивка и не се слуша…Јас го повлекувам својот глас“ истакна Босанац.

фото: Принтскрин/јутуб

„Не се слушаше матрицата и затоа момчето лошо пееше“ Вики продолжи со дискусијата.

„Ма, што зборувате луѓе, матрицата беше коректна“ додаде Поповиќ.

„Мени ми се допаѓа како ова момче изгледа како целокупен пакет“ истакна Миљковиќ која даде глас на македонскиот кандидат.

фото: принтскрин/јутуб

„Изгледаш како кукла. Спакуван си како треба, ти си убаво момче.Се облече како што треба и тоа значи дека го почитуваш жирито и продукцијата. Босанац не знам каде е твојот проблем“ вели Ѓорѓе Давид.

Пофални зборови за Марио имаше и неговиот ментор, поточно Јелена Карлеуша која овој пат не можеше да гласа.

фото: Принтскрин/јутуб

„Имаш преубава боја на гласот. Преубава. Исто така многу си убав, те гледав цело време додека се сликаше. Ти и се допаѓаш на публиката и тука нема лаги. Точно е дека си убав, но ти си аматер кој се бори со тремата. Но, дека си прекрасно момче кое има потенцијал, тоа е јасно како ден“ истакна Карлеуша.

Марио со четирите гласа помина во бараж, а потоа помина во третиот круг. Како, Марио ќе се претстави во третиот круг останува да почекаме и да видиме.

Дотогаш, неговиот настап може да погледнете во видеото подолу на 01:05.

To top