Во саботното издание на емисијата на „Ѕвездите на Гранд“ , настапуваше Македонецот, Огнен Здравкоски.
Во третиот круг, кандидатите настапуваат во дуели, односно Огнен настапуваше против Самед Џело.
Според новите правила оној кандидат кој ќе добие повеќе гласови оди директно во следниот круг, а доколку и двата кнадидати имаат ист број на гласови, тогаш се прегласува.
Огнен во третиот круг се претстави со песната „Километри“ од Влатко Лозановски и „Мангупска“ од Здравко Чолиќ.
По интерпретациите на двата кандидата, жирито гласаше едногласно, односно и Огнен и Самед добија по пет гласа.
По прегласувањето, Огнен добив повеќе гласови и со тоа директно помина во следниот круг.
Шерифовиќ која му е и ментор на Огнен, имаше само пофални зборови за Огнен.
„Кандидатот под број еден беше одличен. Мене тоа ми се допадна. Беше точно, првата песна беше емотивна. Немам што да ти замерам, јас сум задоволна“ вели Марија.
Како Огнен ќе се претстави во четвртиот круг и до каде ќе стигне оваа сезона останува доправа да видиме.
Неговиот настап може да го погледнете во видеото подолу на 01:40.
https://www.youtube.com/watch?v=Lfph5U7fd-g&t=3718s