Радио Милева
Ниту парите не помагаат

Шер имаше милиони, а сега е на работ на егзистенцијата: Суровата болест го уништи животот на пејачката (видео)

Шер имаше милиони, а сега е на работ на егзистенцијата: Суровата болест го уништи животот на пејачката (видео)
фото:принтскрин/јутјуб

Поранешната милијардерка, пејачката Шер, направи голема пауза во кариерата, а сега наводно е на работ на егзистенцијата.

На Шер и беше дијагностициран со вирусот Епштајн-Бар на крајот на 80-тите години на минатиот век, еден вид херпес што може да предизвика откажување на органите.

– Постојано бев болна, за малку ќе ме убиеше пневмонија. Лекарите прво ми рекоа дека сум луда и дека претерувам, но сепак открија дека сум сериозно болна – откри пејачката за странските медиуми.

Поради својата здравствена состојба, Шер мораше да паузира од кариерата, бидејќи повеќе не може да поднесе настапи. За да преживее, пејачката со ерменско потекло започна да снима реклами.

Последните години низ медиумите кружеа гласини дека Шер потрошила милиони на третмани што не вродило со плод и дека потоа се загрижила и ги потрошила преостанатите пари на купување недвижнини за да ги осигура своите најблиски по нејзината смрт.

Останати вести од Радио Милева