Турската актерка Бергузар Корел и нејзиниот сопруг Халит Ергенч го имаат 10 годишниот син Али, а на 8-ми март се остварија во улогата на родители по вторпат.
Бебето кое сега има два месеци го доби името Хан, а среќната мајка со гордост ја покажа собата каде расте нејзиното синче.
Таа преку видеообраќање на Инсатграм откри дека сите предмети во детската соба се веќе користени кога го родила првото дете пред 10 години, а исто така ја користи и истата бебешка облека.
Инаку, пред да се породи, Бергузар која исто така има и музичка кариера како пејачка, го издаде својот втор албум.