Откако по 22 години и брак и професионална соработка во нивната група „Молика“, музичарот Џими Мицевски и пејачката Анета Мицевска се разделија, секој приватно тргна на своја страна. И обајцата го потврдија разводот, како и тоа дека повеќе не живеат под ист покрив, но договорот да се исполнат до крај договорените обврски со групата (свадби, настапи, турнеји… ) до август следната година – останува да се испочитува.
Сепак, иако летото за естрадата важи за „сезона на жетва“, сепак многумина од нив наоѓаат малку слободно време и за себе, да одморат и да ги наполнат батериите. После месеците напорна работа и пред се’ турболентна приватност, на Џими и тоа како му требаша начин да ги тргне мислите, ослободи умот, релаксира душата…
Затоа музичарот заедно со својата нова убавица, заминал на приватна турнеја, овој пат во посета на некои од најубавите локации на бившата СФРЈ. Разбирливо, Јадранот летно време е неизбежен, а сообраќајните гужви кои се вообичаени на патиштата и граничните премини, за да ги избегне му помогнала токму споменатата „убавица“ со која шефот на „Молика“ вешто ги минувал и километрите и гужвите и границите.
Впрочем, кога Џими ќе ја јавне, задоволството ништо не може да го запре! Дива како ждребица, црна како пантер, брза како гепард, елегантна како газела, моќна како анаконда, убавото и корисното Џими го споил уживајќи во возењето со својата нова Хонда.
„Лутата машина“ која искусниот моторџија летово го одведе на неколку егзотични дестинации, како своевидна „утеха“ која музичарот си ја пронајде во возењето мотор со кој решил да замине во Хрватска за да ужива во убавините на Јадранот.
Анета, која во меѓувреме си го промени и презимето, на социјалните мрежи не е така активна.
Но, тоа не важи за нејзиниот сега веќе екс сопруг, кој своето летно мото патешествие го овековечил со неколку фотографии од разни локации на патот кон јадранското крајбрежје.
Од преубавиот мост на полуостровот Пељешац, преку древниот Дубровник…
Надалеку прочуеното лековито Игало…
Па се’ до обновениот стар мост на Неретва во Мостар, изграден во времето на Османлиите, а урнат во југословенскиот воен конфликт.
Неговата црна убавица на две тркала, која верно му служи без да го изневери и со која Џими Мицевски ова лето реши да ги мине најубавите денови, преточени во незаборавни спомени, кои музичарот ги овековечил со фотографии, споделени на социјалните мрежи!
Фото: Фејсбук/Dzimi Micevski