Иако по потекло е е Белгија, познатиот шеф Марк кој речиси секој го препозанва од кулинарското шоу „Брза кујна“, е вистински заљубен во Македонија.
Тоа досега многупати го има истакнато пред камера, а не само што му се допаѓа традиционалната македонска кујна, тој ги сака и природните убавини на Македонија и патувањата во различни краишта од земјата.
Овој пат, на својот Фејсбук профил тој се присети на патувањето до Преспа, односно Отешево кое пак е инспирација за популарната македонска серија „Преспав“.
Марк и неговата сопруга Василка преспаа во „Преспав“, односно вистинското име на хотелот е „Лејквју“, ги запознаа вистинските сопстевеници и моментите ги овековечија со неколку фотографии за спомен, кои Марк сега ги објави пред своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи.
-Преспавме во Преспав… Убавина заборавена…чист воздух…здрава и вкусна храна и добра услуга…одлично сместување…газди со големо срце, пишува Марк.
Во никој случај не пропушти да ја види кујната, да ги проба преспанските специјалитети и да го запознае шефот во кујната.
Марк уште еднаш им даде идеја на сите кое место да го стават на мапата и агендата за патување со едно поинакво доживување.
Фото: Марк де Јонг/Фејсбук принтскрин