Радио Милева Се' е подготвено

Шакира се пакува и заминува: Пејачката е решена на драстичен чекор иако на патот и стои голема пречка

Шакира се пакува и заминува: Пејачката е решена на драстичен чекор иако на патот и стои голема пречка

Шакира е подготвена да се пресели во Мајами со синовите Милан (10) и Саша (8).

Преселбата наводно ќе се случи за три недели, а претходно беше откриено дека пејачката сака да се пресели од Барселона, каде што живееше со нејзиниот поранешен партнер Жерар Пике (36).

„Она што ни беше кажано денес е дека таа има одреден датум да се пресели таму. Тоа ќе биде 1-ви април, ако сè оди според планот. Шакира сака да го искористи пролетниот распуст во САД за да отпатува во Мајами со своите синови, за тие да можат да започнат со настава кога американските студенти ќе се вратат на часови“, вели Лаура Фа, една од новинарките која редовно известува за колумбиската пејачка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Новинарката истакнува дека информацијата е дефинитивна и проверена, но дека постои една потенцијална пречка.

„Оваа информација ја добиваме од најтесниот круг на поранешната двојка. Единствена пречка би било здравјето на таткото на Шакира, а добро е познато дека неговата состојба моментално е комплицирана“, додала нејзината колешка Лорена Васкез.

фото:Инстаграм принтскрин/профимедиа

To top