Колумбиската пејачка Шакира, по разводот со Жерар Пике, се посвети на својата музичка кариера и постигнува успех по успех.
Годинава освои бројни награди, а сега покажа како се подготвува за Латино Греми наградите. Пејачката позираше во тесен, шарен комбинезон со танчерот Џереми Луго, кој и ја крена ногата високо над главата.
„И така се протегаме до доделувањето на латино Греми“, напиша Шакира под објавата и ги покани следбениците да го следат споменатиот настан.
Сепак, многумина ја исмејуваа пејачката што вака позира.
„Она кога си сам и не сакаш ништо да кажеш, но ќе покажуваш јасни знаци“, „Ок, сега спушти ја ногата и завиткај ги панталоните“, „Што прави една изневерена жена“, „Сето ова е само за Пике да биде љубоморен. Сфаќаме“, следеа коментарите.
Потсетуваме, Шакира и Пике раскинаа по 12 години врска во која добија два сина. Причина за нивната разделба е изневерувањето на Пике со младата асистентка Клара Чиа Марти.
фото:Инстаграм принтскрин/Шакира