Познатата колумбиска пејачка Шакира се пофали дека добила своја статуа во нејзиниот роден град Баранкила.
„Ваков почит… Ова е премногу за моето мало срце“, напиша Шакира на објавата на Инстаграм.
Нејзините родители го посетиле местото каде што се наоѓа статуата, а поводот бил уште поголем бидејќи мајката на Шакира, Нидија тој ден го прославувала својот роденден.
– Среќна сум што можам да го споделам ова со моите родители и особено со мајка ми на нејзиниот роденден“, напиша пејачката. За време на откривањето на статуата, им се придружија градоначалникот и браќата и сестрите на Шакира.
View this post on Instagram
Статуата го прикажува препознатливиот стомачен танц на Шакира, во бикини и долго лелеаво здолниште. Пред статуата има и плоча со текст на шпански. Како што пишува, статуата е изработена од бронза и е висока шест и пол метри. На долниот раб на здолништето има набори кои ги симболизираат брановите на морето и реките. Статуата ја направи уметникот Вино Маркес со помош на студенти од уметничко училиште.
View this post on Instagram
„Срце што компонира, колкови што не лажат, неспоредлив талент, глас што ги движи масите и боси нозе што чекорат во корист на детството и хуманоста“, е реченицата што стои на врвот на плочата, пренесува Индекс.
Фото: Printskrin/Instgaram/shakira