Кралот на народната музика Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа во Германија.
Шаулиќ остави голем музички белег, а во негов спомен во Шабац ќе се гради споменик.
Неговиот роднина, пејач Хасан Дудиќ изјави:
„Јас бев меѓу првите што ја поднесов иницијативата тој да добие споменик, а тоа е најмалку што заслужува. Исто така, се залагам да добие и улица во Белград“, па истакна дека најтежок момент ќе му биде кога споменикот ќе биде завршен и кога ќе ја здогледа бистата.
„Споменикот ќе живее вечно како и песните и никогаш нема да биде заборавен. Неговите песни уште се пеат со истиот жар. Секогаш кога и да одам во Шабац се’ ме потсетува на него. Таму живевме, но повеќе бевме во Белград. И тој сакаше да оди таму, како и сите други, го привлекува родното место, но последниве години таму многу работи тргнаа наопаку“ – изјави Дудиќ.
Да потсетиме, три години по сообраќајната несреќа во која загинаа Шабан Шаулиќ и Мирсад Кериќ, а Слободан Стојадиновиќ се здоби со тешки телесни повреди,во Гитерсло се одржа судењето на Алсин Левент. Алсин, кој ја предизвика несреќата, е осуден на само три години и три месеци затвор.