Наследникот на покојната музичка легенда Шабан Шаулиќ, неговиот син Михајло Шаулиќ има големи проблеми со коцкањето. Неговата мајка Гордана Шаулиќ неодамна успеала да собере пари и да го врати долгот од 80.000 евра што го направил поради пороците, пишува српски Курир.
Познато е дека младиот Шаулиќ со години беше во неволја поради пороците, како и дека неговите родители неколку пати го извлекувале од долгови. Неодамна, Михајло повторно го довел своето семејство во непријатна ситуација поради коцкањето и честите посети на казиното. Според извор близок до Шаулиќ, во претходните години тој западнал во големи долгови поради што добивал закани. Предметната сума е околу 80.000 евра, кои тој морал да ги врати што е можно побрзо. Иако најпрвин им криел на најблиските дека повторно има проблеми и дека луѓето од кои позајмувал пари повеќе пати бараа да им ги врати што побрзо, на крајот тој се обрати за помош на својата мајка Гордана. Вдовицата на Шабан се изнервирала кога дознала за тоа, па морала да има сериозен разговор со Михајло, но на крајот сфатила дека мора да го преземе долгот.
За неколку месеци, вдовицата на Шабан успеала да собере пари во вредност од еден стан во Белград и да го раздолжи долгот на нејзиниот син. Како што тврди изворот, тоа и успеало благодарение на вилата на Дедиње, која ја издава на амбасада повеќе од една година за пет илјади евра месечно, но и од авторските права што ги добила за музиката на Шабан од Јутјуб. Одвоила добар дел од таа сума со цел да ги исплати оние што му позајмиле пари на Михајло, така што за помалку од една година успеала да се ослободи од неговите долгови.
После тоа, Михајло наводно и ветил на својата мајка, но и на сестрите, дека ќе се обиде да се ослободи од порокот, како и дека е свесен дека пропуштил многу добри можности во животот токму поради комарот.
Имено, иако во медиумите беше споменувано дека свадбата со свршеницата Данијела Мандиќ е откажана поради „разлики во одредени желби и поради разлики во карактерот“, вистина е дека таа го напуштила токму поради коцкањето.
Двајцата требаше да се венчаат летото 2019 година, но тие ја преместија венчавката поради трагедијата што ги снајде со загинувањето на Шабан во февруари истата година. После тоа, Даниела, која инаку потекнува од мошне богато семејство, решила да раскине со Михајло, поради растечката страст кон неговиот порок – коцкањето.
Фото: Инстаграм принтскрин/gordana_saulic