Пејачката Северина Вучковиќ објави фотографии со нејзината мајка Ана Вучковиќ а со емотивната порака која и ја испрати ги воодушеви сите нејзини обожаватели.
Многумина забележаа дека пејачката и нејзината мајка личат, а напишаа дека младешкиот изглед на Севе се должи на добрата генетика.
Северина Вучковиќ на својот профил на Инстаграм објави слика на која позира со својата мајка, а под него има краток натпис.
– Мојата мајка – стои во описот на објавата.
Нејзината емотивна објава предизвика лавина позитивни коментари.
Севе е родена во осмиот месец, по што состојбата на нејзината мајка се влошила.
– Ме роди со царски рез и не ме држеше пет месеци о раце бидејќи беше во кома. Јас бев нејзиниот трет царски рез, а во 1972 година, таа не се разбуди пет месеци. Ме роди во осмиот месец од бременоста, кога имав само два килограми. Докторот бил прекрасен и ме оставил цело време во собата со неа, и не дозволувал да ме одведат од неа, рекол дека само јас можам да ја разбудам од кома. Секој ден акушерката ме ставала во нејзиниот скут додека таа спиеше – изјавила пејачката за „Gloria.hr“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Северина