Радио Милева

Северина се огласи по шпекулациите дека се разведува

Северина се огласи по шпекулациите дека се разведува

Српските медиуми деновиве пренесуваа дека Северина Којиќ и Игор Којиќ се разведуваат, а како причина беше наведена водителката Јована Јоксимовиќ.

Наводно Драган Којиќ Кеба ги поканил Јована и Жељко Јоскимовиќ на слава, а кога за тоа дознала Северина наводно си ги спакувала куферите и си заминала.

Јована не сакаше да ги коментира овие написи, истакнувајќи дека се глупости.

Од друга страна, Северина на својот „Инстаграм“ објави постара фотографија на која е заедно со Игор  од патувањето на Занзибар и на тој начин ги демантираше вестите за разводот.

За потсетување, пред некое време Северина исто така беше во центарот на внимането поради своите експлицитинит фотографии.

 

View this post on Instagram

 

Hakuna Matata?#tb #zanzibar #tanzania #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

To top