По речиси две години пејачката Северина Вучковиќ повторно го врати старателството над синот Александар.
Пејачката сега ќе може рамноправно со Милан Поповиќ да учествува во воспитувањето и растењето на деветгодишниот син.
По тој повод се огласи и Северина и ја прокоментира одлуката на судот.
„Пресудата зборува за тоа дека никогаш не постоеше причина да ми се земе детето. Мрежата на одредени поединци изминатите години ми приушти 20 месеци на тага и 8 години на судски пекол. Знам дека не е готово, но и знам дека детето доаѓа дома макар и на половина време. Битката е добиена и им благодарам на сите кои беа покрај мене, кои веруваа во правдата“, пишува во изјавата на Северина.
Северина на својот концерт во Црна Гора наговести дека го добила старателството над детето.
„Не можам да ви кажам за што се работи, но детето се врати дома. Пееме со радост“, изјави Севе.
фото: Пиксел