Северина Којиќ го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар.
Имено, малиот Александар сега живее со неговиот татко, а Којиќ ќе има прилика да го гледа секој втор викенд, како и секој вторник и четврток во периодот од 15 до 20 часот.
Северина во „Дневник“ опиша како изгледал нејзиниот прв викенд со синот откако тој живее со таткото.
Таа откри дека се пробудила во 5.37 часот за да ја измие косата бидејќи како што вели нејзиниот сакал да заспива со нејзината убава коса. Севе изјави дека се погледнала и си рекла: „Исуши ја косата, нашминкај се и облечи го фустанот кој тој го сака“. Како што вели Северина, нејзиниот син требало да дојде во 10часот.
За потсетување, откако Севе го изгуби старателството над синот, таа преку емотивно писмо му се обрати на синот истакнувајќи дека ги делат само некои документи. Таа потенцираше дека нема да се откаже и дека ќе се бори за Александар.