Радио Милева во виното е вистината

Сeверина не може да чека развод: Пејачката се сели на имотот на своето ново момче, винаријата во Ивањиќ Град (ФОТО)

Сeверина не може да чека развод: Пејачката се сели на имотот на своето ново момче, винаријата во Ивањиќ Град (ФОТО)

Северина Којиќ ќе започне да живее заедно со нејзиното novo момче, винарот Томислав Воштиниќ. За почеток, пејачката ќе пренесе дел од своите  лични работи на неговиот имот во Иваниќ Град, каде повремено ќе оди и ќе помине неколку дена за да види како тие двајцата ќе функционираат заедно, дознава српски Курир.

Од кога се дозна дека таа е во врска со производителот на вино, многумина се прашуваа што се случи со нејзиниот брак со Игор Којиќ. Се шпекулира дека сопружниците не се во добри односи, а во прилог на тоа зборува и фактот дека не се виделе речиси една година.

Во меѓувреме, Севе си пронајде ново момче со кое го мина целото лето, а очигледно наскоро планираат да живеат заедно. Извор близок до пејачката вели дека поминува многу време на Граберје Ивановачки, каде што Томислав има имот и винарија, како и дека патувале заедно ова лето, а биле видени и на крстарење на Јадранот. Имајќи предвид дека нивната љубов цвета, двајцата разговарале и за подигнување на врската на повисоко ниво, па Воштиниќ и предложи да започнат да живеат заедно.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/hrvatskata-estrada-glasno-shepoti-severina-se-vljubila-vo-sopstvenikot-na-poznata-vinarija-foto/

Знаејќи дека нејзината ситуација е комплицирана  зашто таа сè уште е мажена за Игор Којиќ, како и дека не е сигурна дали да се пресели кај него, тој и дал идеја се’ да започне полека. Ова значи дека таа постепено би  ги пренела работите, како и дека ќе продолжи да оди во Загреб  во нејзиниот стан, затоа што таму има многу работни обврски. Тој предлог и се допаднал на Северина, па решила да го испроба.

Како што вели соговорникот, Томислав бил многу добар и внимателен кон пејачката, тој ја почитувал и навистина и се допаѓало неговото друштво. Тој додава дека нема да и биде тешко да се пресели кај него, бидејќи таа е често на имотот, каде ужива  во природната средина, тишината и мирот, оддалеченоста од градот и гужвите.

Инаку минатата година српските медиуми обзнанија дека Севе е во врска со извесен производител на вино, но двајцата ги демантираа тие информации. Само неколку дена подоцна, хрватските медиуми објавија дека пејачката е видена на крстарење со Томислав минатото лето, но дека таа го претставила како нејзин телохранител за никој да не се посомнева дека се заедно. Во меѓувреме, таа избриша одредени фотографии со Којиќ што ги имаше на Инстаграм, а истото го направи и Игор.

Фото: Инстаграм принтскрин/severina/vostinictomislav

To top