Радио Милева Нема крај на проблемите

Северина направи грешка која скапо ќе ја чини: Треба на бившиот сопруг Милан Пововиќ да му плати 20 илјади евра?!

Северина направи грешка која скапо ќе ја чини: Треба на бившиот сопруг Милан Пововиќ да му плати 20 илјади евра?!

Пејачката Северина Којиќ наводно повторно се најде во финансиски проблеми, пишуваат хрватските медиуми.
На крајот на минатата година, финансиската агенција ФИНА во Хрватска наводно издаде наредба за присилна наплата во износ од околу 150.000 куни, односно околу 20.000 евра.

Присилната наплата, наводно, ја нарачал судот, бидејќи навреме не му го вратила хрватскиот пасош на малолетниот син на поранешниот партнер и татко на детето, бизнисменот Милан Поповиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Одлуката за присилна наплата ја донесе општинскиот граѓански суд во Загреб во јуни минатата година, а повисокиот суд ја одби жалбата на Северина. Во одлуката, наводно, било наведено дека ако пејачката не постапи според решението, на Поповиќ наводно ќе треба да му плати 1.000 куни или околу 133 евра за секој ден одложување.

Ова не е единствената судска казна што и се случи на Севе. Имено, судот во Загреб во јуни минатата година, наводно, ја казнил пејачката во износ од 5.000 куни, или околу 666 евра, затоа што на својот профил на Инстаграм објавила фотографија од својот син дури и по судската забрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Подоцна ги отстранила фотографиите, а судот ја предупредил дека следниот пат кога ќе објави фотографија од нејзиниот син на социјалната мрежа, казната ќе биде 10.000 куни, што е околу 1.333 евра.

To top