Радио Милева „Заминав во тишина“

Северина најпосле проговори за дружењето на своите екс- сопрузи Милан и Игор, а ја спомена и тепачката со сестра си

Северина најпосле проговори за дружењето на своите екс- сопрузи Милан и Игор, а ја спомена и тепачката со сестра си

Регионалната музичка дива Северина, за време на одморот на Малдиви го прослави роденденот на синот Александар, но и на нејзиниот менаџер и пријател Томица Петровиќ.

Минатата година цел Балкан се вртеше за наводната физичка пресметка меѓу Северина и нејзината сестра Маријана, а денес, кога помина извесно време, поп дивата вака го коментира тој немил настан:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Единствено жалам што мојата 86-годишна мајка се посрамоти пред соседите. Знаете дека тоа е важно за старите луѓе. И уште една од селото на мајка ми: „Има една баба што поради парите си ја полила сестра си со топла вода, ѓавол се тие пари“. Не постои семејство кое нема своја приказна. Само тие остануваат како лузни во длабочините на семејните срца, а моите на насловните страници. Ние не ги избравме нашите роднини, наше е да ги сакаме и да им помогнеме какви и да се, вели Северина.

Пријателството на Милан Поповиќ и Игор Којиќ и нивната фотографија од нивниот летен одмор, на која позираат прегрнати, го шокираше регионот. Ја прашаа Северина дали е шокирана како сите?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Не, првата асоцијација ми беше песната „Прегрнати“ на Франо Ласиќ. Мислев, боже, таа нивна средба е нереална, исто како во стихот: Се гушкавме, тоа се случи наеднаш, ниту јас ниту ти не сме биле такви. Погледнете колку се неочекувани Божјите патишта. Затоа верувам, како што верувам дека никој не е вечно сигурен во нешто.
Разводот од Игор Којиќ беше цивилизиран и се чинеше дека тој си замина во тишина, но на крајот не испадна така: „Заминав во тишина. И ќе продолжам да се држам до тоа“, завршува Севе по таа тема.

фото:Инстаграм принтскрин/Северина

To top