Пејачката веќе долго време има здравствени проблеми.
Северина Којиќ веќе долго време има проблеми со кичмата, а физиотерапијата на која оди се помалку и помага, па пејачката ќе мора да оди на операција, пишува ало.рс
„Северина се труди да ја избегне радикалната метода, згрозена е од операција на кичма. Затоа со години ги пробува сите медоти на лекување. Кога првпат се појавија болките мислеше дека тоа е безврска. Секој чувствува болка кога предолго време седи или стои, но тоа кај неа започна да се појавува често. Тогаш побара помош од најдобрите експерти кои и рекоа дека единствено решение е операцијата“ вели добро известен извор и продолжува:
„Таа на веруваше на тоа, па почна да бара други мислења со цел да избегне да оди под нож. Разни физиотерапевти и ветуваа дека потполно ќе се излечи. Се проба, губеше време, потрошо многу пари, но едноставно не може. Велат дека проблемите со нејзината кичма се последици на долго стоење. Освен тоа, таа цел живот е на штикли…Операцијата е единствено решение, но таа се плаши. Свесна е дека постои ризик, опасност, компликации, па дури може да остане и инвалид. Затоа и трпи, кога има болки пие лекови или прима инјекција, очигледно дека нема да оди на операција додека не падне во кревет. Секако, се плаши и колку време ќе и трае оздравувањето. Колку време не би смеела да работи затоа што таа од тоа живее“ вели изворот.
Севе не се огласи по повод овие пишувања.