Северина веќе неколку дена престојува во познатиот хрватски национален парк Плитвички езера, па на својот Инстаграм – профил пејачката ги израдува своите фанови во друштво на нејзиниот најсакан. Северина по одморот на Малдивите ужива во родната Хрватска заедно со нејзиниот син Александар.
„Сега ќе ме видите мене. Јас не сакав да се обидам, а сега ќе одам прва“, вели Северина во видеото, додека малиот Александар и дава дополнителни совети, бодрејќи ја да не се плаши со зборовите „Мамо, мамо држи се…“
Кратката авантура, пејачката ја сподели и со своите бројни фанови, а под објавата на видеото Северина напиша:
„Ти благодарам сине, што ме наговори…“, стои покрај видеото кое го сними Александар.
Особено интересен момент е кога Северина се подготвува да ја стартува оваа адрелинска авантура и уплашено му се обраќа на инструкторот со зборовите: „Да не се превртам?“
Иако оддамна е навикната на превртување, Севе не се преврти… само се изврти!
View this post on Instagram