Популарната пејачка Северина Којиќ побарала помош од експерти во Америка за да забремени, пишуваат српските медиуми информирани од извор близок до двојката.
Таа и нејзиниот сопруг Игор веќе со години се обидуваат да добијат бебе, а пејачката од 2016 година направи и вештачко оплодување.
Меѓутоа, имаше спонтан абортус и оттогаш не успава да остане бремена, но тоа не ја обесхрабри во борбата повторно да стане мајка.
Во надеж дека тоа ќе се случи таа и Игор побарале помош од лекари во Америка, односно во клиника за вештачко оплодување во Лос Анџелес. Северина за да си помогне се обиде и со алтернативна медицина и со хомеопатија, но ниту тоа не и донесе позитивен резултат.
Освен тоа редовно оди кај нутриционисти, применува здрава исхрана, како таа, така и Игор.