Радио Милева

Северина го изгуби старателството над синот Александар

Северина го изгуби старателството над синот Александар

Северина Којиќ го изгуби спорот со нејзиниот поранешен сопруг Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар.

Судијата Теа Голуб утринава (28. Ноември 2019) донесе привремена мерка со која се одлучува детето да живее со неговиот татко Милан кој сам ќе се грижи за здравјето и образованието на синот, пишува телеграф.рс

фото: Приватна архива

-Задоволни сме со пресудата иако се уште не е правосилна. Се надеваме дека мајката ќе се придржува до привремените мерки, истакнал адвокатот на Милан.

Голуб не наведува на која адреса ќе живее детето. Екс сопругот на Северина не бил во можност да ја коментира пресудата.

За потсетување, неодамна Северина на својата прес конфернција истакна дека нејзиниот син бил малтретиран во училиште.

To top