Некогашната Бинго девојка и манекенка Натали Грубовиќ , која замина од Македонија и се омажи во соседна Србија за бизнисменот Дрен Глушац, се помалку ја има или јавноста ја споменува.
Таа сега е активна на социјалните мрежи каде одвреме – навреме знае да сподели некоја фотографија и да покаже како го поминува времето но, најчесто објавува кога има некој повод за славење како што беше и овојпат.
Имено, Натали сега го славеше својот роденден и покажа дека буквално не старее, а годините за неа се само бројка.
По тој повод таа објави фотографии заедно со нејзините две сестри Радица и Марија Грубовиќ.
– Среќен роденден драга сестро! – стоеше во колаж објавата од Марија помалата сестра на Натали.
Додека пак, другата сестра Радица и го честиташе со фотографија од нив двете но заедно со ќерките.
Наталија Грубовиќ според нејзините изјави за домашните медиуми, веќе не се пронаоѓа во шоубизнисот и тоа за неа се само грст спомени од едно убаво минато време.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Натали Грубовиќ