Радио Милева емотивно

Сестрата на Наташа Беквалац, ги опиша најболните но и најсреќните моменти од животот (фото)

Сестрата на Наташа Беквалац, ги опиша најболните но и најсреќните моменти од животот (фото)

Сестрите на Наташа Беквалац, Драгана и Кристина ретко се во јавноста, но за нив се интересираат фановите на популарната пејачка. Драгана сега, иако никогаш не го прави тоа, сподели објава во која ѝ го честита роденденот на својата ќерка Сара Шекуларац, попозната по прекарот Зои и раскажува колку и било тешко да се породи со неа.

Драгана Беквалац, на крајно емотивен начин и го честиташе роденденот на својата сакана Зои која сега полни 24 години.

На социјалната мрежа „Инстаграм“ таа ги опиша најболните, но и најсреќните моменти во животот.  Па, како што објаснила во 2008 година и се слошило во авион и итно слетале за да може да се породи. Потоа и кажале дека има тумор на панкреасот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dragana Bekvalac (@draganabekvalac72)

– Знаеш како беше?! Бомбардирање… 11.4.1999. Никогаш не би можела да пишувам за овој период од мојот живот. Тоа е едно од најтешките. Мажот оди во војска, тато останува во Србија, а ние жените одиме сами во Ловеч бидејќи тато таму беше фудбалски тренер. Бидејќи сум во 9-ти месец, ми се слоши во авион, слетавме и имав итно породување… Останав сама во болница меѓу непознати луѓе, не го знам јазикот, ме оставаат без размислување дека ќе се породам за пола саат… премногу рано… .. а потоа доаѓа пеколот… Таа беше единствената што беше добро… мојата Сара… умирам од болка и уште ми кажуваат дека имам тумор на панкреасот и акутен панкреатит. Добро. Следува постпородилна депресија и не сакам ништо повеќе. Не сакам ни да живеам… По две недели ја прифаќам и потоа ми почнува тобоганот со Зои. Како вели „Мајко, не знам веќе што не разбираш“ кога ја прашувам за нешто… „Значи не ме родила кога треба, а не нешто друго“ . … Сакам што е таа своја, сакам што знае што не, сакам што правеше се што не ми беше дозволено, што како дете ми рече „Сакам само како што сакам, дали се согласуваш или не“… Беше тешко, но денес сум горда мајка на независни, храбри, интелигентни девојки, една голема уметничка душа, пред се правилни и силни жени… Те сакам, моја храбра девојка … Секогаш ќе бидам покрај тебе, со тебе и зад тебе… се додека дишам, 24 – напиша Драгана Беквалац.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Ата Имаџес

To top