Сестрите Наташа и Кристина Беквалац се најголема поддршка една на друга, па заедно поминуваат како низ убавите, така и низ лошите моменти.
Сестрата на Наташа, Кристина во нивното заедничко интервју откири дека не и успеал бракот со архитектот Ива Мартиновиќ со кој има две деца.
„Бескрајно сум благодарна на тоа што Иво и јас одлично функционираме како родители и што имаме ист поглед кога станува збор воспитување на децата. Се надевам дека така и ќе остане. Меѓутоа, не се снајдовме во бракот. Мислам дека луѓето многу подобро ќе функционираат доколку немаат таков вид на притисок. Зборувам за моето лично искуство и не мислам дека е така кај сите семејства. Она што мене ми е најважно во животот е да луѓето живеат слободно. Се трудам да живеам така и морам да признам дека многу убаво се чувствувам во своја кожа. Нале е многу паметна, храбра, самостојна жена и тука сум да и бидам поддршка за сė во животот. Не е лесно да се биде самохран родител, но таа е жена која може сė. Таа е мој суперхерој“, изјави Кристина за стору.рс
Кристина со архитектот Иво има две деца, ќерката Петра и синот Ноа. Кристина и Иво првпат се венчаа вп 2008 година, а потоа ја добија нивната ќерка.
Сепак, нивниот брак не траеше многу долго, па секој тргна по свој пат. Тие нивната врска ја обновија во 2013 година, а повторно се венчаа во 2015 година. Во 2017 година го добија нивното второ дете, синот Ноа. Меѓутоа, изгледа ни овојпат не успеале во бракот, но го пронашле заедничкиот јазик кога станува збор воспитувањето на нивните деца.
фото: Ненад Михајловиќ/рас србија/инстаграм/кристина беквалац