Радио Милева убави вести

Серена Вилијамс е бремена: Славната тенисерка го очекува второто дете, а трудничкиот стомак го покажа на црвен килим (фото)

Серена Вилијамс е бремена: Славната тенисерка го очекува второто дете, а трудничкиот стомак го покажа на црвен килим (фото)

Поранешна тенисерка чекаше ексклузивно да му го покаже на светот трудничкото стомаче, појавувајќи се на црвениот тепих на Мет Гала.

Во оваа прилика таа потврди дека е бремена по вторпат, на еден настан во Њујорк на новинарите им кажа дека на црвениот тепих всушност биле „тројца“.

Серена позираше со сопругот Алексис Оханијан со кој веќе има петгодишна ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by USA TODAY Sports (@usatodaysports)

– Бев толку возбудена кога Ана Винтур не покани тројцата на Мет Гала – рече таа и на посебен начин и порача на јавноста дека повторно е во друга состојба.

Вилијамс е долгогодишна пријателка на Ана Винтур, главен уредник на Вог и копретседавач на Мет Гала. На листата на нејзини блиски и моќни пријателки се најде и Меган Маркл.

Легендарниот шампион на белиот спорт за оваа пригода облече елегантен црн фустан со извезени апликации, додека во долниот дел распослан бел тул. Од накитот избрала низа бели монистра, кои ги носела на главата и околу вратот.
Нејзиниот сопруг се одлучи за непогрешливиот црн смокинг, бела кошула и машна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Serena Williams (@serenawilliams)

На фотографиите од Галата, која беше во чест на Карл Лагерфелд, можете да видите како Алексис (40), кој е претприемач и ко-основач на Редит, нежно ја држи раката на стомакот на 41-годишната Серена.

фото:Профимедиа/Инстаграм

To top