Радио Милева

Семејството се прошири за нов член: Ракометарот Филип Лазаров стана татко по втор пат

Семејството се прошири за нов член: Ракометарот Филип Лазаров стана татко по втор пат
фото фејсбук

Македонскиот ракометар Филип Лазаров и неговата сопруга Билјана на Велигден станаа родители по втор пат.

Имено, тие го добија синот Марко, а радосните вести на својот „Фејсбук“ ги сподели Филип кој напиша:

„Ти благодарам Господе што на овој ден, на најголемиот христијански празник Велигден се збогати нашето семејство со уште еден член.  Силен на тато, убав на мама и бато. Добре ни дојде, Марко“ напиша Лазаров на социјалните мрежи.

фото: фејсбук

 

Под објавата се нижеа честитки за ракометарот.

Инаку, Филип и Билјана го имаат и петгодишниот син.

фото: фејсбук

Останати вести од Радио Милева