На крајот од месец јули на 71 годишна возраст почина хрватската музичка легенда Оливер Драгојевиќ.
Семејството на починатиот пред неколку часа напиша обраќање до јавноста на официјалниот профил на Фејсбук кој гласи на неговото име, односно порачаа дека го условуваат користењето и евентуалната идна обработка на неговте лични податоци, творештво, и сите конотации и симболи, без нивна писмена согласност.
Почитувани! Семејството на покојниот господин Оливер Драгојевиќ ја информира јавноста и сите кои во негова чест сакаат да организираат било каков настан, или неговото име и музичко творештво да го користат како свое, или за потребите на некоја компанија, дека на основа на законот за заштита на личните податоци, а посебно на уредбата на Европската Унија бр. 2016/679 на Европскиот парламент и Совет, од 27-ми април 2016 година, за заштита на поединци, во врска со обработка на лични податоци и за слободниот тек на тие податоци, секое неовластено користење и обработка на личните податоци се смета противзаконски. Забележано е дека има намери името на покојниот господин Оливер Драгојевиќ да се користи во комерцијални цели, кои според законите и одредбите на ЕУ се сметаат за противправни. Уметничката вредност на неговото име претставува лична вредност за неговото семејство, и неизоставен дел од целокупната хрватска музичка историја. За да го сочуваме споменот на Оливер, сметаме дека е неопходно да учествуваме во секој дел и да го условиме користењето и евентуалната идна обработка на негови лични податоци, творештво, и сите конотации и симболи, со наша писмена согласност – наведено е во обраќањето на фамилијата Драгојевиќ.