Македонско-српската „Гранд“ брачна двојка Елена Миленковска и Гуте Маринковиќ уживаат во улогата на родители, во која за прв пат се остварија во месец мацрт, а нивното синче Максим сега има седум месеци.
Тој е веќе потпораснато бебенце, па мама и тато веќе почнаа да го носат и по емисии. Елена и Гуте живеат во Србија, а со тоа им се подостапни на медиуите кои често ги канат пред камери. Овој пат во емисија зборуваа за љубовта, бракот, семејството… Како пример кој го издвоија за среќно семејство беше Владан Савиќ, пејачот на„Магла бенд“ и неговата сопруга Јована Јоциќ со која ја доби ќерката Анѓелија.
Но и среќата и исполнетиот живот со љубов се гледа и на секоја нова објава на социјалните мрежи. Јано е и нормално дека сега светот им се врти околу малиот наследник, кој е главна преокупација на двајцата млади пејачи.
Естрадниот пар не се штеди кога станува збор за нивниот приватен живот, па редовно на социјалните мрежи објавуваа што им се случува, односно ја обелоденија својата врска, свадба, открија дека ќе станат родители, го открија полот на бебето, името, а неодамна Елена за првпат го покажа и лиценцето на синот.
Секој слободен миг младото семејство го користи за да го мине заедно, а на задоволството и среќета во тие моменти им нема крај.
Тоа се гледа и на нивната најнова неодолива фотосесија која ја објавија, а мама, тато и наследникот позираат во природа, пред чист пат пред себе, кој посакуваме постојано да им биде таков и во животот.
фото:елена миленковска/инсатграм