Македонската пејачка Татијана Стефановска кон средната на јуни за првпат се реализираше во улогата на мајка.
Имено, Татијана и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Бежановски добија ќерка за која го одбраа името Ана.
Ова вест тогаш ја изненади македонската јавност бидејќи пејачката не обелодени дека е бремена, ниту пак на социјалните мрежи објавуваше фотографии од трудничкото стомаче.
Среќната мајка ужива во својата нова улога и во секој момент поминат со наследничката, а убавите моменти на радост и бескрајна среќа битолчанка со наследничката.
Неодамна, парот и ја крстеше својата ќеркичка, а по тој повод и направија мала забава.
Татијана Стефановска ја крштеваше ќеркичката: Фолкерката запеа на крштевката на малата Ана (ФОТО)
Прославата весела, во еден реномиран угостителски објект, онака како што доликува: со богата софра, расположени гости, добра музика и уште порасположени домаќин.
Стефановска е активна на социјалните мрежи, но не е премногу активна или секојдневно да објавува фотографии од Ана.
Одвреме – навреме, знае да сподели некоја фотографија, а сега по неколку месеци од породувањето таа за првпат целосно го покажа лицето на бебето и покажа колку потпораснала нејзината миленичка.
Имено, Татијана објави фотографија на која позира покрај сопругот и малата Ана во прегратки.
За оваа прилика, пејачката е облечена во виолетов фустан, нејзиниот партнер е во сив костум, додека ќеркичката е во бело фустанче и наликува на принцеза..
Следбениците оставија позитивни коментари под објавата: „Прекрасна фамилија“, „Машала“, „Душа мала“ се само некои од коментарите кои може да се прочитаат.