Пејачот Димитар Андоновски неодамна вторпат се реализираше во улога на татко.
Имено, тој и неговата сопруга Христина повторно добија син за кој го одбраа името Гаврил.
Овие радосни вести тогаш на социјалните мрежи ги сподели гордиот и среќен татко.
-Ти благодарам предобар Господи што денес јас и Христина Андоновски по втор пат сме благословени, и од денес ќе му се радуваме на нашиот втор син.Добродојде сине Гаврил да ми си здрав жив и благословен да се радуваме заедно цел живот, напиша тој тогаш покрај објавата.
По нешто повеќе од еден месец откако пејачот стана татко по вторпат, сега ја објави и прва фотографија со синчето.
Имено, Димитар објави фотографија со семејството по одржаната молитва за Гаврил по 40 дена од неговото раѓање.
Андоновски на објавата позира со сопругата, поголемиот син Михаил и синчето Гаврил, а во описот напиша:
-На здравје молитва Гаврил, напиша тој.
Под постот се нижеа честетки од неговите следбеници и пријатели.
фото: инстаграм/dimitarandon