Салма Хаек неодамна зборуваше за снимањето на својата прва секс сцена на подкаст со нејзиниот колега Декс Шепард и објасни зошто не можела да престане да плаче.
55-годишната актерка сними љубовна, жешка сцена со Антонио Бандерас во филмот „Десперадо“ од 1995 година. Таа не беше свесна дека во филмот во режија на Роберт Родригез, таа сцена постои до почетокот на продукцијата.
„Кога требаше да започнеме со снимање, јас почнав да плачам“, рече таа. Сфаќајќи дека се очекува да сними секс сцена, рече таа дека тоа може да го стори само на затворен сет, пренесува американскиот портал.
Во тоа време со неа биле само Бандерас, Родригез и Елизабет Авелан – сопругата и продуцентот на Родригез, кого Хаек ја нарекува нејзина најдобра пријателка. Таа им рекла дека не е сигурна дали може да ја сними таа сцена и дека се плаши.
Хаек исто така кажала дека се плаши од Бандерас затоа што тој е „многу слободен“, иако додаде дека тој е „неверојатен“ и „апсолутен господин“.
„Ме плашеше дека за него тоа не беше ништо“, рече таа.
– Почнав да плачам, и тој ми рече дека тоа го прави да се чувствува ужасно … Ми беше многу непријатно да плачам .
Таа исто така откри колку и е непријатно затоа што размислуваше што ќе помислат нејзиниот татко и брат кога ќе ја видат таа сцена. На крајот, таа рече дека ги извадила од кино за време на таа сцена, но и дека долго по филмот имала трауми со кои научила да се справува постепено, со текот на времето.