Францускиот бизнисмен Франсуа Анри Пино пред неколку дена одлучи заедно со својот татко да донираат 100 милиони евра за обнова на Нотр Дам која беше уништена во пожар на 15 април.
„Мојот татко и јас одлучивме да издвоиме 100 милиони евра и да учествуваме во реконструкцијата“ изјави Пино.
Неговата сопруга Селма Хаек јавно го пофали својот сопруг.
„Денес сум многу горда што сум дел од семејството Пино. Не само поради тоа што ќе донираат во реконструкцијата на Нотр Дам туку и поради тоа што нивниот придонес нема да биде даночно олеснување од владата. Мојот сопруг и свекор се добри француски државјани кои искрено го сфаќаат значењето на ова духовно, културно и историско богатство во Париз“ напиша Салма на „Инстаграм“.