Радио Милева Животна приказна

Селма Бајрами мина низ пекол: Пејачката исфрлена на улица со двегодишниот син!

Селма Бајрами мина низ пекол:  Пејачката исфрлена на улица со двегодишниот син!

Познатата пејачка иако секогаш изгледа насмеана,  многумина не знаат дека таа преживеала пекол. Селма Бајрами имала ужасен живот со нејзиниот сопруг, и таа не сакаше да зборува за тоа во медиумите.

Кога реши да проговори, таа зборуваше за тешкиот период од животот кога со мало дете остана на улица, а потоа нејзиниот поранешен сопруг и го презеде синот, а борбата кој ќе го наследи  детето траеше со години.

Љубовната приказна на Селма Бајрами и Мујо Мусиќ започна пред околу шест години кога пејачката го запозна таткото на нејзиниот син на  една забава. Љубовнат искра брзо блеснала, а на нејзината среќа и немало крај кога дознава дека е бремена.

„Набргу по свадбата мислев дека сета среќа е на моја страна, но бргу сфатив дека јас и мојот сопруг не сме еден за друг и одлучивме да се  разведеме како нашиот син би можел да расте во хармонија. Беше полесно да се планира отколку тоа да се направи, па набргу останав со двегодишно дете и два куфери пред вратата од домот“ – вели Селма.
Во тоа време, таа била сосема сама, не го познавала доволно германскиот јазик, била во пред финансиски крах, бидејќи не пеела.

“Знаев дека морам да бидам дел од овој град, ако сакам да  го спасам моето дете” – продолжува Селма.

Иако се обидувала да има нормална комуникација со својот сопруг, тој одлучил да и го земе детето.

„Поминав низ ужасна агонија. Дарис беше мал, но чувствуваше дека нешто се случува, тој не сфаќаше зошто повеќе не бевме заедно. Почна да се повлекува во себе и тешко да зборува. Го однесовме на психолог, и за среќа беше откриено дека има бариера поради двата јазика на кои зборува“ – вели Бајрами.

Таа денес ги надмина пречките и вели дека е конечно среќна.

Не го ограничувам неговиот однос со татко му, бидејќи знам дека и двајцата му требаме за нормално воспитување. Се обидувам да минувам повеќе време со синот и покрај тоа што мојата работа е специфична“ – ја завршува својата потресна животна приказна Селма Бајрами.

To top