Радио Милева
атрактивен и заводлив изглед

Селма Бајрами и во петтата деценија има совршена линија: Позира на тераса во секси бикини, без вишок килограми (фото)

Селма Бајрами и во петтата деценија има совршена линија: Позира на тераса во секси бикини, без вишок килограми (фото)

Пејачката Селма Бајрами отсекогаш важела за една од најубавите на естрадата, а сега уште еднаш ја потврди оваа титула.

Иако веќе зачекори во петтата деценија, пејачката покажа дека никогаш не изгледала подобро, а позгодна е дури и од нејзините многу помлади колешки.

Имено, таа позираше на терасата од хотелот каде се одмара, а во минијатурно бикини ја покажа својата извајана фигура и виткото тело.

„Какво тело има Селма“, „Најдоброто пиле на сцената“, „Многу помлади можат да ти позавидат“, „Што јадеш за да изгледаш така?“, се само дел од коментарите на ова нејзино издание.

Селма Бајрами има 42 години, но од нејзиниот изглед  тоа никогаш не би можеле да го забележите. Пејачката редовно вежба во теретана  и нема ни грам вишок сало, па следбениците и порачаа дека е најубавата пејачка на естрадата.

Покрај завидната фигура, Бајрами ја покажа и огромна тетоважа на десната страна од телото.

Фото: Принтскрин/Инстагарам/selmabajrami.star

Останати вести од Радио Милева