Талентираната дива со вокални способности, Селин Дион многу ретко односно речиси никогаш не споделува приватни моменти бидејќи не сака да го експонира своето семејство.
Меѓутоа, Селин направи исклучок поради една специјална прилика – деветиот роденден на нејзините деца.
Селин се пофали се своите близнаци Нелсон и Еди, а во описот на фотографијата напиша:
„Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака мама“ напиша пејачката.
Погледајте ову објаву у апликацији Instagram
За потсетување, Селин освен близнаците го има и синот Рене Чарлс, а своите три деца ги доби со сопругот Рене Анжелил кој пред три години ја изгуби битката со тешката болест.