Пејачката и актерка Селена Гомез прошета на црвениот тепих на доделувањето на „Еми“ наградите а сите погледи беа вперени во неа.
Модните критичари се воодушевени од фустанот на Селена, а очигледно е дека актерката блеска и „пука“ од самодоверба.
Селена Гомез (31) избра фустан „Оскар де ла Рента“ направен исклучиво за неа, изработенод бордо апликации кои наликуваат на цветни ливчиња.
Долгиот фустан без прерамки, со длабоко деколте, ја истакна нејзината фигура. На „ливчињата“ на фустанот имаше повеќе од 450.000 мали украси, а Селена носеше и ланче „Тифани“ со 35 каратен морганит, дијаманти и розови сафири, изработени од платина и жолто злато.
View this post on Instagram
Актерката која неодамна објави дека има ново момче, носеше пунџа и кармин за да одговараат на фустанот и дискретни сандали, а на црвениот тепих друштво и правеа познатите актери Стив Мартин и Мартин Шорт, со кои игра во хит серијата „Само убиства во зградата“.
Фото: printskrin/instaram/