Најследената жена на „Инстаграм“ сподели две селфија во сосема природно издание, без шминка и ги воодушеви своите фанови. 30-годишната пејачка, актерка, дизајнер, а сега и претприемач, често позира во такви природни изданија.
Во описот на објавата покрај двете фотографии напиша „Violet Chemistry“, што всушност е наслов на песната на нејзината колешка и пријателка Мајли Сајрус.
Објавата за еден ден собра повеќе од 22 милиони лајкови, а многу ѕвезди веднаш ја искоментираа објавата со пофални зборови. Мајли Сајрус ѝ остави црвено срце, како и Мишел Фајфер, додека бројни други познати личности како Парис Хилтон, Џесика Капшо, Суед Брукс ѝ оставија емотикони и пораки во кои нагласуваат колку е убава.
View this post on Instagram
„Еве ја во полн сјај“, коментира Брукс, додека Кепшо напиша: „Убава“. Со нив се согласија и фановите на Селена, кои ја опсипаа со комплименти во илјадниците коментари.
Големиот број следачи на Инстаграм, приближно 400 милиони, делумно се должи на фактот што често споделува автентични фотографии.
фото:Инстаграм/Селена Гомез