На 24-ти декември, изминатиот четврток во големата сала на Македонската филхармонија се одржа новогодишен концерт под наслов „Нова Година, нов почеток“.
Со оглед на ситуацијата со коронавирусот и мерките за безбедност и заштита од истиот, бројот на посетители беше ограничен.
Концертот беше под диригентската палка на Џијан Емин, а како солисти настапија: Џон Илија Апелгрин, Сара мејс, Дејан Бобиќ, Полина Тасева и Калина Велковска.
Дамите кои настапија на сцената изгледаа магично во избраните тоалети, а Сара Мејс со изборот на црвениот фустан и белата крзнена наметка, едноставно се издвои во фокусот.
За секси нота на фустанот придонесе високиот шлиц и голиот грб кој дополнително го нагласи нејзиниот сексапил и женственот.
Моделот го потпишува долгогодишната соработничка, дизајнерка и стилистка Фран. Уживајте во музиката за новиот почеток на Новата 2021 година.