Помалата ќерка на актерот Кирил Поп Христов – Кили, Јоана, која ја има во бракот со сопругата Гордана, се омажи на Еквадор.
Откако на социјалните мрежи ја објавија веста дека нивната наследничка запливала во брачните води, Гордана преку социјалните мрежи опиша во какво семејство влегува нејзината ќерка.
“Другари мили, фамилијата на зетот ни е традиционална и живее по сите старо еквадорски правила: многу љубов, поврзаност, многу деца, среќа е тоа што го имаат, едноставен живот. Јоана ја прифатиле како да е нивна. Им припремиле забава за младенците во нивниот стил, сестрите на зетот спремиле храна, торти и го украсиле локалот со сета љубов и грижа. Прекрасни луѓе, фала!, напиша Гордана во статусот#, напиша таа.
Меѓутоа, она што посебно го радува семејството е тоа што Јоана и Родригез наскоро ќе стана станат родители, а Кили и Гордана ќе станат баба и дедо.
Имено, Кили на својот „Фејсбук“ профил објави фотографија од неговата ќерка во бикини и на која се гледа трудничкото стомаче.