Македонската актерка со загребска адреса на живеење, Јелена Јованова ја освои публиката со нејзината улога на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“.
За неа оваа година беше успешна и бериќетна бидејќи во јуни се реализираше во улогата на мајка и на свет го донесе синчето Јаков.
Неколку месеци по породувањето Јелена изгледа во одлична топ форма и заводливо, како да не се породила пред шест месеци.
Aктерката во последно време на социјалните мрежи се повеќе објавува професионални фотографии направени за специјални прилики односно како и многу јавни личности, промовира, рекламира одредени брендови.
На нејзината последна фотографија, Јелена позира во светкаво здолниште и мек џемпер во комбинација со кратки чизми.
На оваа фотографија, Јелена ја покажа својата витка фигура, а во прв план се нејзините згодни и секси нозе кои не може да поминат незабележени.
Инаку, актерката неодамна се врати на снимањата на серијата „Преспав“ која започнува со емитување на 18 декември.