Како храбра и независна жена, Нина признала дека имала проблем кога е во прашање емотивниот партнер и се согласила дека мажите често се плашат од успешни жени.
– Имаше многу тешки моменти, нема да лажам, но тоа го оставив зад затворени врати и сама го исплакав. Многу пати сум платила скапо и преплатилa туѓо друштво, навистина. Доживеав многу разочарувања во некои врски. Само затоа што сум силна жена која знае што сака, платив за мојата сила. Ја платив многу, многу скапо. Сепак, животот ме изгради, неверојатно, уште посилна. И тогаш сфатив дека е подобро да си сам и среќен отколку да собираш трошки од масата. Животот е толку краток што некаде би била со половина срце. Секоја жена скапо плаќа за својата сила, а јас само ќе кажам дека некој паметен некогаш рекол: „На силна жена и треба нечие рамо, за да плаче и да го носи тоа рамо во животот, како и секоја друга жена“. Јас сум како и секоја друга жена, кога ќе се вратам дома се пресоблекувам, врзувам опавче и почнувам да готвам, да размислувам и сите тие проблеми што ги има секоја од нас. Значи, силната жена треба да има уште посилно рамо до себе што ќе ја носи низ животот, но ако го нема тоа и тоа е во ред.
А како што не ја крие силата, не ги крие ни чувствата, па откри како се однесува кога ќе се заљуби.
– Јас сум Рак во хороскоп, а Риби во подзнак, се ви е јасно. Јас сум чиста емоција. Срцето ме носеше секаде, доцна го вклучив мозокот во некои работи. Така бев воспитана, моите родители беа секогаш искрени и ме советуваа секогаш да го следам срцето. Како што минуваа годините, сфатив дека многу пати мозокот требаше да дојде пред срцето. Да го знаев ова порано, ќе се поштедев од болката на животот, но така е, никогаш не плачеш по истуреното млеко. Она што не можам да го променам кај себе е мојата емотивност и емпатија кон луѓето. Мислам дека тоа ми се гледа, без разлика колку се обидувам да го сокријам тоа.
Фото: Printskrin/Instagram/badrich