Да беше жив, денес Тоше Проески ќе наполнеше 42 години.
На денот на неговиот роденден секоја година во семејството во Крушево се подготвува прекрасна торта.
И годинава е така. На тортата, испишана емотивна порака.
„Секој твој роденден Тоше е наша воздишка“ – пишува на тортата која неговата сестра Дора Проеска ја објавила на споделената фотографија на нејзиниот Фејсбук.
„Неговата омилена торта со вишни сестра му Дори веќе ја подготви. Нема да ги дувне свеќичките со бројки. Но, многу свеќи ќе горат на неговото вечно почивалиште“ – ќе напише новинарката и автор на биографијата за Тоше, Соња Алексоска Неделковска.
Сепак, Тоше има само еден датум… Оној на неговото раѓање.